-->
-->
Нов рибник во пехчевската туристичка населба Равна Река
-->

Пехчевската туристичка населба Равна Река побогата со уште еден рибник, каде ќе се произведуваат повеќе видови на пастрмка.
Новиот рибник „Малеш-Фиш“, е сопственост на семејството Христови од Скопје, а се наоѓа на местото на стариот монополски рибарник, на самиот почеток на туристичката населба по горното течение на реката Брегалница што е на околу 10 километри оддалеченост од Пехчево.
Градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски за МИА истакна дека овој рибник ќе даде дополнителен развој на туризмот во туристичката населба.
– За секој градоначалник е важен економскиот развој. Наша желба е, нашите деца, да останат тука, тука да најдат работа, тука да градат домови, тука да создаваат деца. Затоа секоја инвестиција е многу важна за нас. На Пехчево започнаа да му се случуваат убави работи во последните години. Слободно можам да кажам дека Пехчево станува интересно место за живеење. Фирмата ,,Малеш – фиш“ посакувам да прерасне во една одлична фамилијарна фирма која ќе знае што треба да работи и ќе има концепт за развој во следните години. Мојата желба е да продолжиме да го градиме заедно со сите инвеститори – добронамерници, истакна Поповски.
Ова е втор рибник на изворите на Брегалница. И двата се во непосредна близина на познатите пехчевски водопади: Спиковски водопади, Дебел рид, Скокото и излетничкото место Бараки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
-

Гром предизвика огнена драма над Штип, за среќа пожарот е изгаснат
-

Ѓорѓиевски: Утврден е сериозен недостаток на пожарникари во целата држава
