Нов протест за „Монструм", Ајдари не знае кој го организира
Роднините на осудените во Монструм денеска повторно на протест. Почнува во 13:30 во Чаир, а според најавите протестот треба да заврши пред владата. Ова е втор протест откако судот ги објави казните за петтемина обвинети за петкратното убиство кај Смилковско езеро. На претходниот, демонстрантите се судрија со полицијата кај Бит Пазар при што беа повредени 11-мина полицaјци - нападната беше и новинарска екипа. Заради немирите, седум лица беа обвинети за учество во толпа бидејќи според обвинителството, се обиделе да го пробијат полицискиот кордон фрлајќи камења, метални шипки и други предмети. За ова дело тројца ја признаа вината и беа осудени на по една година затвор, а за останите се уште трае судската постапка.
Од денешниот протест се огради семејството Ајдари кое ги организираше претходните протести. Тој за медиумите изјави дека не знае кој е организатор, најави дека тој ќе организира протест идниот петок.
Во случајот Монструм на на доживотен затвор беа осудени тројца од обвинетите, а за двајца судот одреди затворски казни од 9 и 15 години.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
