Нов пожар во хемиската постројка на „Аркема“

Голем пожар повторно избувна во хемиската фабрика на француската компанија „Аркема“ во гратчето Крозби, во американската сојузна држава Тексас. Причина за пожарот е нова експлозија на два контејнера со органски пероксиди.
Од компанијата очекуваат и останатите шест контејнери во постројката да се запалат. Американската Агенција за заштита на животната средина заедно со „Аркема“ го следат токсичниот чад кој се шири во атмосферата.
Пред два дена во фабриката одекнаа две експлозии, а властите веднаш наложија евакуација во радиус од три километри од постројката. Причината беше прекинот на електрична енергија поради бурата „Харви“. Во фабриката престанале да работат разладните инсталации, кои ја одржуваат постојаната температура во контејнерите со леснозапалив материјал.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Драги Змијанац, претседател на „Меѓаши“
-

Историски успех на младиот Македон на Германската математичка олимпијада
-

32 возачи лишени од слобода за празничниот викенд
