-->
-->
Нов пораз на македонските одбојкари
-->

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз во квалификациите за Европското првенство 2017 година.
Откако вчера загубија од домаќинот на првиот турнир Романија со 0-3, попладнево македонските одбојкари се поразени и од селекцијата на Чешка со 3-1 во сетови.
Во мечот од 2.коло на квалификациската Ф група, чиј домаќин е
романскиот град Крајова, македонските одбојкари и од Чешка ги добија првите два сета со 25:17 и 25:18. Во третиот „црвено-жолтите“ заиграат на повисоко ниво и го добија сетот со 25:23. Иако македонските одбојкари се обидоа да се изборат за решавачки пети сет, сепак тоа не им успеа, бидејќи Чесите го добија четвртиот со 27:25 за конечни 3-1 во сетови.
Првиот квалификациски турнир, нашите одбојкари ќе го заокружат утре со мечот против репрезентацијата на Естонија кој вчера загуби од Чешка со 3:0, а вечерва игра против домаќинот Романија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
