-->
-->
Нов пакет американска воена помош за Украина
-->
САД се подготвени да и дадат на Украина скоро 800 милиони долари нова воена помош, вклучително и најмалку 10 извидувачки беспилотни летала, изјавија неименувани американски претставници.
Според нив најголемиот дел од помошта ќе бидат дополнителни хаубици и муниција, како и преносливи дронови за долги извидувачки летови, кои се лансираат од катапулт, а потоа се враќаат назад.
Тоа би било 19. пат од август 2021 година, американското Министерство за одбрана да испрати оружје и воена опрема од сопствените резерви во Украина.
Од почетокот на руската инвазија, САД испратија оружје, муниција и друга опрема во Украина во вредност од повеќе од девет милијарди долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости