Нов напад врз Техеран - Израелската армија објави снимки

Нов бран воздушни напади врз, како што се наведува, „цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“ во моментов спроведуваат Израелските одбранбени сили.
Веста ја пренесува Тајмс оф Израел, повикувајќи се на соопштение од израелската страна.
Снимка од воздушен удар врз, како што тврдат, „штаб на иранскиот терористички режим“ во Техеран објавија и Израелските одбранбени сили на социјалната мрежа X.
На објавеното видео се прикажува уривање на две згради во иранската престолнина.
Обемни удари биле извршени и претходниот ден, при што израелската војска соопшти дека целта била воспоставување воздушна супериорност и отворање на патот кон Техеран.
Официјална потврда од ИДФ претходно наведе дека врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, бил убиен во воздушен напад во Техеран.
Ново на Сител
-

Охрид ќе добие нови летни сцени
-

Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
-

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
