Нов напад од улични кучиња, скопјанка завршила на клинички
Околу 18 часот синоќа во населбата Железара во Скопје се случил нов напад од глутница кучиња скитници. Повредена е 49 годишна скопјанка која поради здобиените повреди била пренесена во клиничкиот центар. Лекарите од инфективната клиника ја сошиле раната и поставиле дрен за да спречат инфекција, а пациентката ја примила и потребната вакцинална терапија.
Нападот се случил кај трите кули во населбата додека скопјанката одела да пазари од маалската продавница. Жителите на населбата реагираат и бараат помош бидејки истото куче и претходно напаѓало жители на населбата.
Ова е втор напад во кој е повредена 49 годишната жена. Фотографијата која ја добивме е направена по синоќешниот напад, а случајот и овој пат е пријавен кај надлежните служби. Жителите на оваа населба апелираат градските власти да преземат соодветни мерки за да се спречат нови напади. Стравуваат дека последиците може да бидат многу посериозни доколку кучињата нападнат некое од децата во населбата.
Иван Кузмановски
Ново на Сител
-
Македонија увезува работници, македонците на печалба во странство
-
Штафетно нуркање за мир
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот