Свет
5. December 2016 - 12:51

Нов контингент унгарски полицајци испратен на бугарско-српската граница

Нов контингент од 20 унгарски полицајци отпатува за Србија, како испомош за српските колеги во обезбедување на границата со Бугарија и за спречување на нелегалната миграција, пренесе Танјуг.

Освен со полицајци Унгарија на Србија и помага и со полициски автомобили, камиони и автомобили опремени со термографски камери.

Ова е третиот унгарски контингент на српско-бугарската граница. Првиот учествуваше во чување на границата во периодот од 24 октомври до 16 ноември, а вториот беше испратен на 15 ноември.