Нов циклон во Македонија - Флоријан добро ќе нѐ потопи
Уште од оваа ноќ од запад и од северозапад облачноста ќе започне да се зголемува, па веќе во текот на утрешниот ден, уште во претпладневните часови во западните предели локално ќе има појава на дожд и грмежи, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од западен правец, прогнозира Славчо Поповски.
Од пладне, па натаму, на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, вели метеопрогнозерот. Циклонот кој ќе ја зафати Македонија е наречен Флоријан
Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог за кратко време, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени меѓутоа навечер ќе започнат да опаѓаат поради продор на посвеж воздух од север кој ќе услови засилен северен ветер во среда и во четврток.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите