Норвешките власти го усмртија моржот Фреја
Властите во Норвешка ја усмртија женката-морж Фреја, која привлекуваше големо внимание кај луѓето кај фјорд близу главниот град Осло, откако се процени дека животното претставува опасност за луѓето.
Моржот тежок 600 килограми, последниве неколку седмици стана атракција за посетителите и набљудувачите во Норвешка, и покрај предупредувањата од надлежните лица дека луѓето треба да се држат настрана од неа. Фреја се качуваше и на мали чамци, при што предизвикуваше оштетувања и опасности. Норвешката Дирекција за рибарство соопшти дека таа била успиена „врз основа на општа проценка за континуирана закана“ за безбедноста на луѓето.
„Преку теренско набљудување минатата недела, јасно беше утврдено дека јавноста ја игнорираше препораката да се држи одредено растојание од моржот“, се вели во соопштението.
Директорот на установата, Френк Бејк Јансен изјави дека се разгледани и други опции, вклучително и преместување на животното, но властите утврдиле дека тоа не е изводливо.
– Имаме предвид дека ваквата одлука може да предизвика реакција кај јавноста, но сигурен сум дека ова е правилна одлука. Имаме голема почит за благосостојбата на животните, но човечкиот живот и безбедност мора да бидат на прво место, рече тој.
Атлантските моржови обично живеат на Арктикот. Невообичаено, но не и незабележано е да стигнат и до Северното и Балтичкото Море.
Ново на Сител
-

Николоски: Лидерската средба е доброволен чин, ако СДСМ сака сама да се изолира, не можеме ништо да сториме
-

МФ: Успешно реализирано издавањето на 10. Еврообврзница - силна доверба од меѓународните инвеститори
-

Ѓорѓиевски: Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, следува процес на одгасување
-

Различни бројки за загинати во Иран
-

Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES
-

Средба Муцунски - Ѓорѓиевски: Унапредување на соработката на домашните компании со ДКП
-

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда, сите го сакаат тоа
-

Украинскиот парламент не ги одобри министрите за одбрана и за енергетика
