-->
-->
Нормализиран сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка
-->
Авто мото сојузот на Македонија попладнево соопшти дека од 19 часот е нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка.
Овој патен правец беше во прекин во двата правца поради сообраќајна незгода во која камион со црногорски регистарски таблички кој влечел приколка со вилушкар удрил во надвозник на магистралниот пат. Во несреќата нема повредени лица.
Од СВР Куманово информираа дека товарното возило марка „Волво“ се движело од Крива Паланка кон Куманово и во близина на населбата „Карпош“ удрило во надвозникот при што од камионот се одвоила приколката. Камионот бил управуван од српскиот државјанин А.С. (1969).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба