-->
-->
Ноле „лапна“ уште едно „златно компирче“!
-->

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер, четврти пат во последните пет години ја освои наградата „Златен кромпир“, која ја добива тенисерот кој освоил најмногу сетови со резултат 6:0.
Ѓоковиќ кој ја одбележа 2015 година во светот на тенисот, 12 сетови доби без загубен гем, четири повеќе од Енди Мари.
Особено импресивната листата на тенисери на кои српскиот играч оваа година не им препушти ниту еден гем, два пати против Енди Мари, Марин Чилиќ и Стан Вавринка и по еднаш против Кузњецов, Бердих, Клижан, Дарсис, Долгополов и Хајдер-Маурер.
Исто така, Ѓоковиќ беше убедлив и кога станува збор за „кромпирчињата“, односно сетови добиени со резултат 6:1. Ѓоковиќ оваа година 31 пат добивал сет со овој резултат.
Наградата „Златен кромпир“, прв пат е доделена во 2004 година, а Ѓоковиќ е првиот кој ја освоил четири пати, три пати ја добил Надал, два пати Ферер и Федерер, а еднаш Робин Содерлинг.
Рекордот е во сопственост на Федерер кој во 2006 година 19 сетови добил со максимален резултат.
За да се влезе во конкуренција за оваа награда потребно е тенисерот да биде меѓу најдобрите осуммина на светот или да избори пласман на завршниот Мастерс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Ќе пропадне ли интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставен?
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Прва жртва на пожарите
-
400 невработени ќе може да се пријават за гаснење пожари, плата 24.000 денари
-
Скок на инфлацијата во јуни, премиерот наскоро најавува мерки
-
Олеснување на постапка за работни дозволи и престој на странци, како и пониски царини бараат странските компании од владата