-->
-->
Ноле ги вади од такт „западњаците“
-->
Тренерот на светскиот број 1 Новак Ѓоковиќ, хрватската тениска легенда Горан Иванишевиќ се врати дома и даде интересно интервју во ХРТ во кое зборуваше за тоа зошто на „Западот“ не го сакаат неговиот пулен, и покрај неговата доминација во светот на тенисот во последнтие години.Во Мелбурн, Ѓоковиќ неколку пати беше критикуван од јавноста – прво откако тенисерите заглавија во хотел во карантин и тој побара да им се овозможат подобри услови, а потоа поради наводното „лажирање“ повреда во дуелот со Американецот Тејлор Фриц. Иванишевиќ вели дека се работи за глупости.
„Какво измислување на повреда? Човекот води 2:0 во сетови и би измислил повреда за да добие тенисер како Тејлор Фриц! Кога тоа го прават некои други, се зборува за херојски чин и се вели: ‘Секоја чест’. Но, на крајот тој успеа. Потроши многу енергија, му помогнавме да не се замара со тие работи. Тоа му даде дополнителен мотив и сила и се виде на теренот. Знаете, Западот не сака така моќен човек, кој има војска навивачи зад него и кој се дрзнува да го каже тоа што го мисли. Верува во своите мисли, и тоа е опасно за Западот. Тоа почна по првиот локдаун, преку Адрија купот, иако не знам што толку опасно се случи таму. Беше и ланскиот несреќен САД опен, па и лошото финале од Ролан Гарос. Сега, пак, му извадија приказна за лажирање на повреди“, вели Иванишевиќ.
Тој додава дека воопшто не му е тешко да работи со Ѓоковиќ.
„Се работи за ист менталитет, за ист јазик, и тоа помогнува во објаснувањето, во разговорите. Дури понекогаш не мораш да кажеш ништо, доволно е да се погледнеш. Балканците може да тренираат било кого, но Балканец не може да го тренира никој друг освен Балканец. Да знаете, кога вика на теренот, речиси секогаш вика по мене“, објаснува Иванишевиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Италија, Бугарија и Малта се придружија на барањата на Белгија за алтернативни опции за помош на Украина
-

Најстудено на Попова Шапка
-

На „Криволак“ ќе бидат уништени минско-експлозивни средства запленети пред 15 години
-

Сончево со минусни утрински температури, а преку ден до 15 степени
-

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје
-

Над 270 дечиња присустуваа на церемонијата на свечено менување на државното знаме во кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие нов Луна парк, почнува јавната набавка за проектирање и монтажа
-

МВР: Утре на полигонот „Криволак“ ќе се уништи голема количина на минско-експлозивни средства запленети пред 15 години
