Ноќно скијање во „Ски-центар“-Нижо Поле
Патеките за скијање во „Ски-Центар“-Нижо Поле на Баба планина се подготвени за ноќно скијање, информираат од ЈП „Стрежево“-Битола, претпријатие кое стопанисува со зимскиот рекреативно-туристички центар.
Како што истакна генералниот директор на претпријатието Методија Граматковски, претпладнево непречено до 14 часот е овозможено дневно скијање, а потоа патеките дополнително ќе бидат уредени за првото ноќно скијање во оваа година.
– Максимално ја искористивме снежната покривка, имаме високо професионална механизација и подготвени сме за ски-викенд во Нижо Поле. Денес, сите љубители на скијањето бесплатно ќе ги користат ски-лифтовите, а викендов ќе има и други пријатни изненадувања, најави Граматковски.
Како што е познато скијачкиот центар на планината Баба кој се наоѓа во атарот на селото Нижо Поле на надморска височина од 1.610 метри, има три ски лифтови со вкупна должина од 2.150 метри со капацитет од три илјади скијачи на час, патеките се подготвуваат и одржуваат со три ратрак машини, а за посетителите секоја зима во функција е т.н. „бачило“ за одмор и освежување.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
