Балкан
5. December 2016 - 8:55

Ноев: Крајно време е бугарската армија организирано и целосно да замине на границата

Крајно време е армијата организирано и целосно да замине на границата, смета поранешниот бугарски министер за одбрана Бојко Ноев.

Според него меѓу илјада и 1.500 лица мора да заминат таму, со цел сериозно да им помогнат на граничарите. 

- Проблемот, кој се појави не е едноставо од Сирија, Ирак, Авганистан, туку е глобален, смета тој.

Ноев истакна дека буџетот на бугарската армија следната година нема издвоено пари за заштита на границата.

Тој изјави дека премиерот Бојко Борисов завршил многу добри работи, но во однос на безбедноста дозволил многу грешки. 

Ноев додаде дека пред се прашањето за заштита на границата било сведено на технички средства. Втората грешка, според него, била тоа што сите проблеми на националната безбедност се префрлени на Министерството за внатрешни работи.

- Сето тоа се претвори во неконтролирано чудовиште, бидејќи тој начин на организација не функционира. Затоа е потребно да се вклучи и армијата, изјави поранешниот министер за одбрана.