MENI

Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000

Од средината на мај во Демократска Република Конго од ебола починале над 5.000 лица, соопштија здравствените власти во земјата.

Вкупно се потврдени 5.026 смртни случаи, додека бројот на заразени лица се зголеми  на 10.351, објавија властите. 

Во моментов, 1.101 лице се лекува или е во карантин, а 2.788 лица, кои претходно биле заразени, заздравеле од болеста.

Pages