Еден милион евра ќе чини изградбата на новата брана кај пробиштипското село Пишица. Толку понудил најповолниот изведувач, а средствата ги обезбедува Владата преку програмата за рурален развој.
Фактички реализираме дел од програмата за инвестиции во водоснабдувањето во Р. Македонија, која што изнесува 200 милиони евра за 10 години и капиталните, круцијалните објекти веќе се започнати со градба –изјави Ване Костадиновски, заменик министер за земјоделие
Општина Пробиштип ќе се вклучи во урбанистичкото планирање за изградба на викенд населба со неколку угостителски објекти.