55 годишниот тетовец со убоди со нож во градниот кош денес го усмртил две години помладиот брат.
Убиството се случило во семејната куќа, а потоа постариот брат самиот се пријавил во тетовската полиција.
Со увидот кој го вршат обвинителството и криминалистичката полиција треба да се дознаат причините и останатите детали поврзани со убиството.
Во 2015 година ова е трето убиство во Тетовско.