Околу 350 невработени лица започнаа со работа во сопствена фирма со помош на парите од грантовите за самовработување. Уште 150 со неповратните средства во износ од 3250 евра ќе започнат со работа најдоцна до септември. Директорот на Агенцијата за вработување Поповски информираше дека во тек е и вториот дел од програмата односно самовработувањето со кредити кои државата ги нуди под поволни услови.