
Петгодишна затворска казна му одреди Судот на Бојан Блажевски, обвинет за сообраќајката што се случи во јули годинава кај трговскиот центар „Зебра“ во населбата Капиштец, во која загина новинарката Сузана Тодоровска-Павловска.
Основниот суд Скопје 1 го осуди Блажевски за кривичното дело „тешки дела против луѓето и имотот во сообраќајот“.