Европскиот лидер во хотелиерството - Брендот Ибис отсега во центарот на Скопје. Со неговиот влез Македонија се впишува во светската мапа на туризмот. Инвестицијата е вредна 6 милиони евра, а оваа стратешка инвестиција треба да ги охрабри и останатите инвеститори да го следат примерот.
Ибис е бренд на Акор, водечки хотелски опеарор. Неодамна во Полска групацијата Орбис ги презема операциите Акор за Југоисточна Европа и стана единствен лиценцер на сите брендови на АКОР во регионот, вклучивајчќи ја и Македонија