Врвните уметници од Полска, виола-органистот Славомир Зубжицки, пијанистката Ана Мјерник и тенорот Рафал Жураковски со своите фасцинантни изведби, брилијантна техника и длабока емоционалност ја вознесоа многу бројната публика. Во црквата Света Софија на традиционалната полска вечер публиката имаше ексклузивна и ретка можност да ужива во уникатните звуци на единствениот инструмент виола/оргули направен по скица на Леонардо да Винчи, стара повеќе од 500 години.