Возило удрило во мече, но иако повредено, продолжило да се движи кон тетовско Непроштено
Центарот за управување со кризи информира дека вчеранавечер возило удрило во млада мечка која иако повредена по еден час продолжила да се движи на локалниот пат Тетово – сeлo Непроштено. Младата мечка го минувала патот заедно со друга поголема мечка и уште две помали мечки кои останале неповредени и продолжиле да одат.
Според ЦУК во возилото кое удрило во мечката се наоѓало семејство, татко, мајка и три мали деца.
-Од ударот сите биле под голем стрес, а децата се здобиле со лесни повреди, информираат од Центарот за управување со кризи.
Според процените на ЦУК големата мечка, најверојатно мајка на мечињата, со двете помали мечиња се наоѓа од десната страна на патот гледано од насока на Тетово кон с. Непроштено, додека повредената млада мечка се наоѓа од другата страна на патот.
-Се работи за урбана средина со повеќе куќи и голема раздвиженост на возила и луѓе поради што ги повикуваме надлежните институции да ги преземат сите неопходни дејствија со кои ќе се гарантира безбедноста на граѓаните, но воедно ги повикуваме и невладините организации од оваа област да се вклучат во овој несекојдневен настан и да предложат мерки и постапки со кои ќе им се помогне на повредената млада мечка како и на големата мечка со двете останати млади мечки, информираше Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.
Од ЦУК предупредуваат – граѓаните да го избегнуваат движењето на местото на несреќата како и непосредната околина или да бидат исклучително внимателни бидејќи се очекува мајката да го бара своето младенче.
-Овој случај отвора многу прашања околу непрецизно дефинираните и испреплетени надлежности на институциите бидејќи по несреќата ја разгледувавме можноста повредената млада мечка (или мече) да биде успиена со опојно средство, а потоа преместена и згрижена на соодветно место, како на пример ЗОО Скопје, каде би и се пружила медицинска нега. Притоа до израз дојдоа повеќе формално-правни и функционални недостатоци, изјави Ангелов.
На овој регионален пат Тетово-Јажинце на 5 октомври кај Доброште беше прегазена и усмртена мечка, при што немаше повредени луѓе. На 25 октомври мечка беше прегазена и усмртена на патот помеѓу тетовски села Селце и Вејце, а возачот заминал од местото.
На истиот пат Тетово-Јажинце кај Доброште и на 14 јули годинава се случи сообраќајна несреќа во која беше прегазена и усмртена мечка. Тогаш учествувале две патнички моторни возила, при што беа повредени двајцата возачи.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
