Косовската полиција уапсила српски државјани кои купувале ознаки и униформи на ОВК
Косовската полиција синоќа во Приштина уапсила тројца српски државјани кои купиле ознаки на Ослободителната војска на Косово (ОВК), а се обиделе да купат и нејзини униформи, објави агенцијата КосоваПрес.
Извори на агенцијата во безбедносните институции тврдат дека уапсените Д. Долашевиќ, В. Јанковиќ и Д. Долашевиќ, кај кои е пронајдена и значителна сума пари, панирале да снимат видеа во кои наводно војници во униформи на ОВК се подготвуваат да го заземат северот на земјата.
– Србија преку оваа тактика планира да даде претекст пред меѓународните институции за воена интервенција, заради наводна заштита на српските државјани во Република Косово, изјавија истите извори.
За еден од уапсените КосоваПрес тврди дека е потврдено оти има врски со Министерството за внатрешни работи на Србија.
Тројцата српски државјани допатувале во Косово од Ниш преку граничниот премин Бела Земја кај Гњилане. Таму го оставиле своето возило и косовски Албанец ги довезол во Приштина, кај што се сретнале со друг косовски државјанин, кому му понудиле документи за регулирано српско државјанство, во замена за информации каде можат да купат ознаки и униформи на ОВК.
Откако ги купиле ознаките во еден локал, познат на агенцијата, тие имале намера да купат униформи на друго место, но биле уапсени пред да ја остварат намерата.
На тројцата српски и двајцата косовски државјани инволвирани во настанот, надлежен обвинител им одредил 48-часовен притвор.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
