Њујорк тајмс: САД со предупредување до Израел дека нападите врз иранската нуклеарна програма се непродуктивни
– САД го предупредиле Израел дека нападите на иранската нуклеарна програма се непродуктивни и дека израелските акции му овозможиле на Техеран да ја подобри способноста за збогатување ураниум, јави денеска Њујорк Тајмс.Израел, наводно, го отфрлил американскиот став, пренесува весникот.
Официјални лица изјавија за Њујорк тајмс дека Иран ја зголемил и подобрил безбедноста во своите нуклеарни постројки и дека нападите како оној врз фабриката за збогатување ураниум во Натанц што му се припишуваат на Израел, на почетокот на ноември, повеќе не се можни.
Овој месец во Виена ќе започнат преговорите со Иран за можното враќање на нуклеарниот договор од 2015 година
Извори од Вашингтон изјавија за американскиот весник дека некои од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден веруваат дека укинувањето на дел од санкциите наметнати на Иран, во замена за забавување на напорите за создавање резерви на ураниум, ќе биде поефикасно за забавување на иранската нуклеарна програма отколку санкциите.
Израел се противи на враќањето на САД на тој договор со големите сили од кој претходникот на Бајден, Доналд Трамп, се повлече во 2018 година и вели дека не се откажува од опцијата да дејствува против нуклеарните амбиции на Техеран.
Ново на Сител
-

Пад на цените на нафтата на најниско ниво во последните десет дена поради надежите за дипломатски пробив со Иран
-

Министерството за енергетика ќе ги соопшти активностите за заштита, сертификација и промоција на македонскиот рубин
-

Рождество на Пресвета Богородица – почетокот на сите празници
-

Променливо облачно, попладне локални врнежи и невреме
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
-

Русија со дрон уби свештеник и рани неколку други во напад врз украински манастир
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
