Њујорк Тајмс: ЦИА помогнала во прецизното лоцирање на Хамнеи

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) одиграла значајна улога пред нападот врз иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, објави денеска „Њујорк Тајмс“.
Повикувајќи се на неколку неименувани лица за кои се вели дека се запознаени со операцијата, американскиот весник објави дека американската надворешна разузнавачка агенција го следела Хамнеи со месеци, стекнувајќи сознанија за неговото движење и навики.
ЦИА дознала дека во вчера наутро требало да се одржи состанок на високи ирански функционери во станбен комплекс во центарот на Техеран и оти Хамнеи ќе биде присутен таму.
Како последица на тоа, САД и Израел го приспособиле времето на нивните напади врз Иран. Првично, планот бил нападот да се изврши во текот на ноќта, според извештајот на весникот.
МИА
Ново на Сител
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
-

Одбележани 25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Скокнал од чамец по веслата кои му паднале, скопјанец се удави во Преспанското Езеро
-

Судење за „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека
-

ЦУК: Девет пожари на отворено, пет се активни
