Македонија
18. November 2020 - 13:34

Низа нерегуларности утврдил ДИЖС во изминатите 3 недели

Хидроцентрала во изградба на Шар Планина може да ја загади водата за пиење во Тетово, неакредитирана лабораторија вршела мерења за загадување на воздухот во Пејпар Мил, во кругот на Мепсо во Кавадарци има несоодветно отстранување на опасен отпад, покажува извештајот на државниот инспектират за животна средина во првите три недели од ноември.

ВД директорката на инспекторатот Ана Петровска вели дека имаат само 5, а потребни се минимум 8 инспектори. Инаку од 1 до 17 ноември ДИЖС направил 68 редовни и 25 вонредни инспекциски надзори. Паралелно ја собираат и потребната документација која изгоре во пожарот пред повеќе од 2 месеци.

 

Елена Милошевска