-->
-->
Ниту една вардарка на листата на ЕХФ во избор за најдобра ракометарка за 2017-та
-->
Ниту една ракометарка на македонскиот шампион и актуелен европски вицепрвак Вардар не се најде во номинираните во изборот на Европската ракометна федерација, за најдобра ракометарка за минатата 2017 година.
Иако ракометарките на Вардар беа на чекор до освојување на Лигата на шампионките, а во новата сезона се единствениот тим со максимален број на победи, луѓето од ЕХФ целосно ги игнорираа постигнатите резултати, по ниу една ракометарка од црвено-црниот табор ја нема меѓу деветте кои се номинирани.
На листата кандидатки за најдобра ракометарка во 2017 година ЕХФ ги номинираше: Кристина Неагу, Анита Горбич, Мелине Ноканди, Каролина Кудлач-Глоц, Аманда Куртовиќ, Катарина Булатовиќ, Нора Мерк, Ана Грос и Ивета Лузумова.
Гласањето за изборот на ќе заврши на 7 јануари, а за утре е предвиден крајот на гласањето кое е во организација на „Ворлд Хендбал“, кој според мислењето на ракометните новинари и навивачи од целиот свет, во изборот за најдобра светска ракометарка за 2017-та номинирана дури пет членки на ЖРК Вардар и тоа: Амандин Леино, Андреа Пенезиќ, Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ и Драгана Цвијиќ.
Доколку досега не сте го направиле вашиот избор тоа може да го сторите на следниот линк. Гласањето трае уште денеска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена