Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени

Во земјава утрово се измерени температури под нулата, но синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со максимална температура до 16 степени.
Најниска утринска температура е измерена во Берово и Попова Шапка (-5 степени), како и во Маврови Анови, Демир Капија, Крушево, Крива Паланка и Скопје - Петровец каде се измерени -4 степени. Во Струмица, Претор, Штип и Прилеп се измерени -3 степени, а во Велес, Охрид, Тетово и Виница -2 степена. На Зајчев Рид во Скопје, Пожаране, Тополчани се измерени -1 степен, а во Гевгелија нула степени.
Најавите од синоптичарите се дека времето до крајот на неделата ќе биде сончево. Денеска во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен, а во источните делови од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.
Во Скопје, претпладне претежно облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
