Нинова до Радев: Престанете да шпекулирате на тема Северна Македонија
Лидерката на Бугарската социјалистичка партија (БСП) и вицепремиер во бугарската Влада отворено го критикуваше претседателот на Бугарија, Румен Радев, повикувајќи го да престане да шпекулира во врска со темата Северна Македонија.
Според неа, Радев го користи патриотизмот на Бугарите за личен рејтинг.
– Господине претседател, да се користи патриотизмот на Бугарите за личен рејтинг е подло, напиша Нинова на „Фејсбук“.
Нинова е децидна дека Владата нема да го укине ветото и дека единствено тело што може да одлучува за ова е Народното собрание на Бугарија.
Таа го потсетува претседателот Радев дека Народното собрание е највисок орган во парламентарната република, затоа што во него се е јавно и транспарентно, и затоа што таму се и власта и опозицијата и никој не може да манипулира со нив.
-Советодавниот совет за национална безбедност на претседателот дава само консултации, додека одлуките на Народното собрание имаат сила на закон и се обврзувачки, а кој ќе ги прекрши одговара, децидна е Нинова.
„Ако следната недела му кажеме на Европскиот совет – Не, ќе излезете ли да се извините што лажете?“, напиша Нинова на Фејсбук, обраќајќи му се на бугарскиот претседател.
Дописникот на МИА од Софија потсетува дека Румен Радев двапати бил кандидат на Бугарската социјалистичка партија за претседател на Бугарија во 2016 и 2021 година, а негова кандидатура ја поднела лидерката на оваа партија Корнелија Нинова.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
