Николовски за Сител: Процесот на демократизација на сите нивоа во партијата продолжува, следува комбинирана постапка за избор на кандидат за градоначалник на Штип

Во однос на организирање внатрепартиски избори, СДСМ веќе има искуство со минатите локални избори за избор на кандидати во Крушево и Охрид, истакна вечерва генералниот секретар Љупчо Николовски во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија.
- Ние веќе имаме искуство со спроведување на непосредни избори за кандидати за локалните избори и тоа беше зачетокот на минатите избори во Крушево и во Охрид, членовите на СДСМ преку непосредни тајни избори избраа кандаидати, за кои сметам дека оставија силен белег во својата работа, посочи генралниот секретар Николовски.
Во однос на претстојните локални избори во Штип, тој додаде дека веќе е започната постапката за избор на кандидат за градночалник од редовите на СДСМ.
- За Штип имаме соодветна комбинирана постапка ние веќе започнавме со постапка, донесовме вчера одлуки во делот на внатрепартиската постпка за избори, но тој процес засилено ќе продолжи и за следните локални избори кои ќе бидат во 2021 година, демократизацијата на сите нивоа во партијата ќе продолжат и успешните пракси што ги имаме, заклучи Николовски.
Ново на Сител
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
-

Драстичен скок на цената на нафтата, последиците кај нас допрва ќе следат
-

Македонија падна за три места на индексот за слобода на медиуми – состојбата е „проблематична“
-

Вандализам во ООУ “Ванчо Прќе” во Штип - наставата во прекин поради уништениот инвентар
