Николовски: Се работи на нов реформски Закон за шуми и ловство

Работна група почна со работата на нов закон за шуми и ловство, што ќе понуди една системска реформа во овој сектор, но и ќе нема да дозволи палење на столетни дрва низ шумите во земјава,објави денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој денеска присуствуваше на научниот симпозиум на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
-Она што е значајно е дека добивме и средства од ИПА програмата 2019 година во износ од 1.300.000 евра, што токму ги тангираат овие прашања во делот на пожарите и реформите што треба да ги работиме. Но, неопходно е целокупниот систем да функционира, односно да имаме целосна контрола и синхронизиран настап од страна на сите институции и во тој правец знам дека и останатите министерства и Владата се целосно насочени, рече Николовски.
Тој забележа дека како Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги следат состојбите со шумските пожари низ земјава, а вчера е укината забраната за движење низ шумите на барање на ЈП „Македонски шуми“.
-Во овој период ќе се сублимираат сите податоци и секако ќе ја информираме јавноста. Она што ние како министерство го правиме е во Програмата за рурален развој за 2019 година е дека креиравме посебна мерка, што се однесува за заштита на шумскиот фонд, од 30 милиони денари. Таа мерка досега не постоеше и оваа е мерка за заштита на шумите, вели Николовски.
Експертите треба да ги дефенираат корисниците на оваа мерка, со цел заштита на шумските појаси, по што ќе биде распишан и јавен повик за искористување на 30 милиони денари од буџетот на Владата на Република Северна Македонија. Николовски дополни дека работната група за изготвување на новиот Закон за шуми и за ловство веќе ја имале првата средба со претседателот на Владата на Република, Северна Македонија, Зоран Заев, а наскоро ќе бидат познати и дел од мерките што ги предвидува овој реформски закон за заштита на шумите.
Ново на Сител
-

Зеленски го условува прекинот на нападите врз руски рафинерии со испорака на американски ракети
-

ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4442, а Радичевски 4177 гласови
-

Седници на собраниските комисии за финансирање и за одбрана
-

Облачно со повремен дожд
-

Аркин Јахији е новиот градоначалник на Брвеница
-

ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто
-

МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава
-

Излезноста во Брвеница до 13 часот 27,81%, повисока за 7,31 процентни поени од првиот круг
