Николовски: Раководителот на МЗШВ Битола ја злоупотребил функцијата
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска на прес-конференција рече дека Илија Србиновски, поранешен пратеник на ВМРО ДПМНЕ и актуелен раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола, ја злоупотребува државната функција.
Според Николовски, во подрачната единица на Министерството се вработени и синот и снаата на Србиновски, а неговата сопруга која сопственик на фирмата ИЗ „ДЕСИЛ“ добила 45 хектари државна земјоделска земја под концесија. Во прилог на тврдењата Николовски презентира договор со кој, како што рече, ЗИК Пелагонија и фирмата на сопругата на Србиновски, ДЕСИЛ, си размениле 10 хектари земја, што е кршење на Законот за земјоделско земјиште.
- Случајот е дополнително спорен со тоа што овие 10 хектари претходно на барање на Србиновски како раководител на подрачната единица во Битола, ЗИК Пелагонија ги враќа на државата како неплодни, за пасишта на жителите на село Гнеотино. Но, наместо жителите да го напасуваат добитокот, површините ги зема фирмата на сопругата на Србиновски, рече Николовски, истакнувајќи дека во случајот има судир на интереси.
Според Николовски, Србиновски ги искористил последните поплави во Пелагониско за злоупотреба на буџетските средства наменети за исплата на штета, а узурпирал и други 10 хектари државна земјоделска земја.
Ново на Сител
-
Трамп: Не смееме да го укинеме договорот за нуклеарни ограничувања
-
Маж од радовишко паднал од трактор и бил прегазен, приведен возачот на тракторот
-
Приведени 12 лица, при претрес на возила пронајдена е дрога
-
Две лица под истрага за грубо насилство во скопско Орешани
-
Кина предлага создавање меѓународна организација за вештачка интелигенција
-
Трамп пристигна во Шкотска, најави средби со Стармер и Фон дер Лајен
-
Во Скопје денеска и утре авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци
-
Беровскиот кризен штаб го повика населението доброволно да се вклучи во гаснење на пожарот на планината Готен