Николовски на средба со откупувачите и извозници на јагниња, за состојбата со откупот

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата ја следат состојбата со откупот на јагнето. До крајот на јуни годинава Агенцијата за храна и ветеринарство ќе заврши со пописот и ќе излезе со точен број на овци и кози, што е важно за прецизно дефинирање на политиките на среден, но и на долг рок, како и за правилна распределба на субвенциите за овчарството.
Ова денеска го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој заедно со посебната советничка за земјоделство, шумарство и водостопанство на премиерот Ленче Николовска и тимот од МЗШВ, одржаа работен состанок со откупувачите, претставниците од кланиците и извозниците на јагниња.
На состанокот, како што соопшти МЗШВ, се разговараше за актуелната состојба со откупот на јагне и за извозот. Николовски на состанокот уште еднаш потенцираше дека Владата нема да дозволи сточарите одгледувачи на овци од нивниот производ да прават загуба.
Николовски посочи дека МЗШВ континуирано работи на воспоставување контакти со нови пазари за извоз на јагнешкото и дека веќе течат преговори за добивање квота за извоз на јагнешко месо на турскиот пазар.
Од страна на откупувачите, како што се наведува, беше посочено дека не очекуваат проблеми со пласманот и дека јагнето во целост ќе биде откупено. Позитивно ја оценија иницијативата на МЗШВ што се спроведува преку Агенцијата за храна и ветеринарство за попис на бројот на овци и кози, што е во тек, потенцирајќи дека резултатите ќе бидат од од исклучителна важност за креирање на политиките за овчарството, врз основа на точни бројка на овци, за која во моментов сметаат дека не е релевантна.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер на МСПДМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче цврсто против гласање на дијаспората - Мицкоски: СДСМ бара алиби за изборните порази
-

Меѓувладини конференции во Брисел за Црна Гора и Албанија, Македонија изостанува на Европскиот календар
-

Маркетите кои ги зголемиле профитните маржи - ќе бидат предупредени да ги намалат
-

Продолжуваат инвестициите во Охрид
-

Зголемен број на колапси поради топлото - дневно Брза помош има и по 10-тина вакви интервенции
-

ЦЈЗ Прилеп: Не се точни шпекулациите дека е зголемен бројот инфицирани со ХИВ за 50-тина лица
