Николов: Има многу можности за напредок во краток рок
Бугарскиот министер за енергетика, Александар Николов истакна дека главната цел на средбата во Софија е да се најде полесен и поефективен начин на којшто Бугарија и Северна Македонија ќе комуницираат за енергетските пазари и неговата трговија.
– Засега не е вклучена темата за декарбонизација на зелената енергија и обновливите извори на енергија, а за подобрување на енергетското поврзување имаме поддршка од бугарскиот гасен оператор, рече Николов и додаде дека има многу можности за напредок на краток рок.
Со својот македонски колега министерот за економија Крешник Бектеши, како што јави дописникот на МИА од Софија, ќе разговараат за овие детали, како и за нестабилноста на цените на енергенсите и што може да се направи.
Николов додава дека е директно одговорен за трговијата, цените и трговските односи. Според него, интеграцијата на пазарите кои се градат на отворен принцип ќе биде прилично индикативна за тоа како Северна Македонија може да направи доста брз напредок во започнувањето на преговорите со Европската Унија.
Ново на Сител
-

Министерката Јаневска во инспекција во студентскиот “Стив Наумов” по обвунувањата дека домот се распаѓа
-

Од 1 мај ќе се лета од Скопје до Тиват, со автопатот Скопје - Блаце побрз пристап до пристаништето Бар
-

Хакерски напад тежок 6,3 милијарди долари, најголем во историјата на криптовалутите
-

Од полноќ изборен молк за Брвеница
-

СДСМ обвинува за сомнителни банкарски трансфери
-

Народна банка: Сомнителните трансакции ќе бидат предмет на проверки
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина
