Николоски: Сите треба да учествуваат во проектот „Безбеден град“, се надевам да се изгласаат законите

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски се надева дека опозицијата ќе гласа за законските решенија за проектот „Безбеден град“ особено, како што вели, по ветувањето на лидерската средба. Порачува дека сите треба да учествуваат во овој проект, кој, потенцира, спасува животи.
На новинарско прашање дали Собранието ќе побара од МВР најмалку три месеци одожување на проектот Николоски рече дека „се работи за принципиелно прашање и оти може да одложуваме и месец, три и шест месеци, но на крај на денот прашање е дали сакаме да има ред во државата или не“.
- Гледате кој е опозиција. Опозиција е СДСМ коишто влегоа во целосно деструктивна кампања, којашто мора да признаам дека не ја разбирам, и тука е ДУИ, коишто се сеќаваме добро што се случуваше кога беа на власт. Се надевам дека ќе се опаметат и законите особено оние кои се двотретински ќе бидат изгласани, особено после ветувањето на лидерската средба, изјави Николоски, по учеството на одбележувањето на празник Водици во Охрид.
Прашан дали би се согласил за одложување рече дека тоа треба да го разговараат пратеничките групи и во насока на постигнатото на лидерската средба да се изгради консензус.
- Ова е проект кој спасува животи и сите треба да учествуваат во него, порача Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Нов Правилник за лиценци на РКЕ, за трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка: Уапсен насилник во Кисела Вода
-

Трамп: Иран се обидува да постигне договор, но малку е доцна за тоа
-

Најстудено утрово во Лазарополе
-

ВМРО - ДПМНЕ: Ако Глигоров одбил 100 милиони долари, за колку СДСМ го продаде името?
-

Кина преговара со Иран за безбедно минување на нејзините бродови низ Ормускиот теснец
-

ИДФ ги нападна јужните предградија на Бејрут, луѓето масовно бегаат
-

УНИЦЕФ: За седум дена на Блиски Исток загинале околу 200 деца
