Николоски по ратификацијата на договорот: Ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ја поздрави ратификацијата на Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска кој беше изгласан денеска во Собранието.
-Изгласан е Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Овој Договор е од историско значење за Македонија и развојот на државата, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил.
Со овој договор, наведува Николоски, кој стави параф на договорот минатата недела во Лондон од името на македонската Влада, се потврдува партнерството помеѓу двете држави.
-Заеднички ќе направиме огромни проекти и ќе ја направиме Македонија многу подобро место за живеење, стои на фејсбук статусот на вицепремиерот Николоски.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз, Герет Томас на 22 мај во Лондон го потпишаа Договорот во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни објекти, со кој земјава добива на располагање историски најголем обем на средства од пет милијарди фунти за реализација на капитални проекти.
За да стане ефективен договорот треба да биде усвоен од Владата на Велика Британија. Потоа започнуваат официјални разговори и преговори за реализација на проектите.
-Мојата амбиција е дека во текот на летото ќе имаме договори, а доцна наесен и работа на терен, рече вицепремиерот Николоскиво врска со Договорот.
Ново на Сител
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија