Николоски: До 2029 година ќе имаме комплетен автопат и експресен пат од граница до граница на Коридор 8

Нашата амбиција е не подоцна од 2029 година на Коридорот 8 да имаме поврзување со автопат и експресен пат граница со граница или од граничниот премин Ќафасан до граничниот премин Деве Баир со Бугарија, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој во синоќешното гостување на „Јади бурек" детално го елаборираше планот на Владата и Министерството за транспорт во однос на транспортните коридори.
Како што рече, Охрид - Кичево до крај на следната година ќе се заврши со крак до Струга, а Требеништа - Ќафасан не може да се работи поради забрана од УНЕСКО.
-Со ЕБОР ја работиме спојката Кичево - Букојчани од 11 километри. Таму очекувам во понеделник да излезе барањето за доставување финансиски понуди и рокот е до 10 октомври да стигнат понудите, а рокот на завршување е три години. Букојчани - Гостивар или популарната Стража, веќе многу интензивно ја работи „Бехтел“ со тоа што таму спасивме 250 милиони евра на државата. Гостива - Тетово го почнавме, тој реално се завршува брзо, но има многу население од двете страни и не сакаме да го закочиме сообраќајот, туку ќе оди паралелно со Букојчани - Гостивар. Значи, за три години отсега и тој би требало да се заврши. Тетово - Скопје има автопат, Скопје - Обиколница - Куманово има автопат, за експресен пат Куманово - Страцин сега бараме пари од ЕУ, а Страцин - Крива Паланка го пуштивме во јануари годинава, истакна Николоски.
Информира и дека во моментов се работи на целосна реконструкција на граничниот премин Деве Баир со Бугарија.
МИА
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
