Никола Андонов, кандидат за градоначалник на Општина Ново Село од СДСМ

Никола Андонов втор пат ќе се обиде да ја добие довербата на граѓаните за да застане на чело на општината на предвремените избори за градоначалник.
Роден е во 1953 година во Колешино, каде што и живее. Од 1991 година до денес е во приватниот сектор како успешен менаџер и сопственик на Производствено трговската компанија „Колид фуд“. Од 2005 до 2009 година Никола Андонов ја извршуваше функцијата градоначалник на Општина Ново Село.

Кои се вашите најзначајни ветувања со кои ќе ја барате довербата од граѓаните за градоначалник на Општина Ново Село?
– Јас повеќе милувам да ја нарекувам нашата општина Ново Село најевропска општина во Македонија, бидејќи граничиме со две членки на Европската Унија – Бугарија и Грција, што значи имаме привилегии и можности да искористиме доста од ЕУ-фондовите заедно со овие две соседни држави, преку ИПАРД-програмата, а со тоа да им го покажеме патот на младите како може да дојдат до почеток на сопствен бизнис.
Според вас, што е најзначајно и најприоритетно да се направи во Општина Ново Село?
-Во програмата посветив посебно место за формирање посебна работна група од општинската администрација, која пред сè ќе има советодавна улога за да им помага на граѓаните при подготвувањето на потребните документи за аплицирање кај европските фондови како ИПАРД, но и аплицирање за субвенциите.
Дали периодот до крајот на мандатот, нешто повеќе од две години, е доволен да ги реализирате вашите програмски определби и ветувања?
-Искрено мислам дека две години е краток период за сè што имам планирано во изборната програма, но со помош на добар тим и напорна работа голем број од приоритетните проекти ќе ги завршам, а тоа ќе е патоказ и потврда за нов мандат од четири години.
Ново на Сител
-

Десет возачи лишени од слобода за возење без дозвола, со забрана и под алкохол
-

Сообраќајот по влажни коловози, одронот кај село Колари е отстранет
-

Реал сезонава заработи најмногу пенали во петте најсилни лиги во Европа
-

Калас: Моето чувство е дека земјите-членки не се подготвени да дадат конкретен датум за членство на Украина во ЕУ
-

Епидемија на мали сипаници во северен Лондон
-

Заладување со нови пообилни врнежи
-

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина
-

Уставниот суд воведува редовни средби со граѓаните секој прв четврток во месецот
