Живот
22. February 2016 - 15:42

- Никој не може да ми помогне, има нога тешка 100 килограми која не може да ја движи!

Арун Рајасин (34) од Индија има нога која е тешка околу 100 килограми. Тој може да се движи единствено со помош на количка. Станува збор за генетско пореметување кое го има од неговото раѓање, а лекарите засега неможат да му помогнат.
 
- Пијам лекови против болки. Некогаш сум тажен, но сепак сеуште се надевам дека лекарите ќе успеат да ми помогнат - вели Арун. На неговите родители веднаш откако бил роден им било кажано дека тој ќе живее само неколку седмици. Лекарите засега заклучиле дека кај Арун не станува збор за елефантазија, односно зголемување на волуменот на кожата и поткожните ткива. Веруваат дека станува збор за многу ретка генетска болест. Неговата медицинска документација ја пратиле дури и на Харвард, но засега без успех.
 
- Зафатени ми се двете нозе, но десната е многу поголема од другата - вели Арун. И покрај тешката болест и смртта на неговата мајка тој е дипломиран инженер.
 
Поради тоа што не може да оди на работа, се обидува да основа сопствена фирма во неговиот дом.
 
- Мојата болест ме направи појак како личност и се надевам на успех во работата - вели Арун кој се надева дека еден ден ќе може нормално да излезе надвор од куќата, и да се дружи со неговите пријатели. Својата приказна ја раскажал се со цел повеќе луѓе да ја погледнат бидејќи се надева дека постои некој кој може да му помогне, пишува Деили Меил.