„Ние сме херои, спасивме 200 луѓе останавме до последен момент во огнот“, кажа осомничен за пожарот во Кочани
- Не се чувствуваме виновни, ние сме херои, спасивме 200 луѓе. Јас до последен момент останав во огнот за да ги извадам сите деца, да ги спасувам како мои. Имам две малолетни деца, кажа еден од осомничените за пожарот во Кочани на новинарско прашање - ,,Дали се чувствува виновен?''.
Претходно на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека се осомничени 23 лица.
„Во моментов се осомничени 23 лица, 11 се во притвор и нема да застанеме тука како што ми стои работава. Во текот на денешниот ден, нема да застанеме со процесни дејствија, односно констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што можеме да кажеме дека имаме катастрофална состојба во делот на постапување огромен број на институции кои согласно закон требало да ги следат ставање на функција на дискотеката, особено во делот на заштита при евентуален пожар, поради што и во текот на денешниот ден ќе има доста голем број на лица кои ќе бидат приведени и од МВР, и од други институции. Но сега не би сакал да откривам детали“, изјави Тошковски.
Ново на Сител
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата
-
Мицкоски: Ако има зголемени цени, можно е враќање на замрзнатите маржи
-
Врховен суд ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици
-
Основните и средни училишта во Кочани должат 10,5 милиони мкд кон КПЈ „Водовод“
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи