Бизнис
31. October 2015 - 14:54

Незири: Економијата зависи од епилогот на политичката криза

Министерот за економија Беким Незири денеска изјави дека состојбата во економијата зависи од епилогот од политичката криза и дека партиите кои учествуваат на преговорите мора да изнајдат решение. Оптимист е дека решение ќе има, а во спротивно, рече, земјата ќе има сериозни економски проблеми, како и сериозни политички проблеми. 

- Јас сум оптимист и мислам дека сите фактори што учествуваат во преговорите треба да ги надминат дневно-политичките идеи и дневно-политичките политики на своите партии и да го гледаат интересот на државата како приоритет и да излеземе од кризата. Дел од економијата веќе трпи, тоа го најави и гувернерот на Народната банка, тоа го најавив и јас во моите излагања - дека е неминовно економијата да трпи зашто политичката криза е директно врзана со инвестициите, со трговската рзмена со другите држави и ние ќе трпиме штети, рече Незири по манифестацијата „Калдрма матине“.

На влијанието на политичката криза врз бизнисот укажаа и  претседателите на Македонско-бугарската стопанска комора Зоре Темелковски и на Стопанската комора на северозападна Македонија Неби Хоџа. 

- Ситуацијата има голем одраз, особено во малите и средните претпријатија чиј профит и успех се цени според потрошувачката на граѓаните, рече Темелковски.