Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против 42 лица

Независниот синдикат на професионални војници соопшти дека вчера до Основното јавно обвинителство – Скопје поднел кривична пријава против 42 лица учесници во неколку криминални дела со цел на незаконски начин да се преземе правен субјект – Синдикат.
Како што наведуваат од Независниот синдикат, поднесената кривична пријава се однесува на седум припадници на Армијата на Република Северна Македонија (од кои двајца претходно имаат кривична пријава за слично дело), еден поранешен припадник на безбедносните служби во Армијата на Република Северна Македонија, три лица вработени во Министерството за труд и социјална политика (Сектор за политики од областа на трудовото право и политики за вработување) и 31 цивилно лице кои учествувале во организирање и реализирање на незаконски дејства со цел да се изманипулираат институциите за да се промени овластеното лице на синдикат и да се придобијат на нелегален начин финансиските средства на синдикатот од членарината на вработените.
-Пријавените лица ги сториле кривичните дела „злосторничко здружување“ по член 394 од Кривичниот законик, кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 од Кривичниот законик и кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ по член 380 од Кривичниот законик, сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик и кривично дело „надриписарство“ од член 353 од Кривичниот законик и кривично дело „надриписарство“ од член 381-а од Кривичниот законик, се наведува во соопштението.
Ова е втора кривична пријава во период од осум месеци што ја поднесува Синдикатот против лица кои прават криминални дела за да се преземе синдикат и да се направи штета на стотици вработени лица.
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
