-->
-->
Невреме во Македонија - еве каде наврна најмногу дожд
-->

Вкупно 71 литар на метар квадратен дожд наврна изминатите 24 часа во Гевгелија, информира УХМР.
По еден литар се измерени во Дојран, Охрид и Струмица, два во Пожаране и Тетово, четири во Крушево, Крива Паланка, Ѓуриште и Демир Капија, пет во Штип и Тополчани, осум во Виница, девет во Куманово, 12 во Прилеп, 14 во Скопје - Зајчев Рид, 16 во Берово и 26 во Скопје - Петровец.
До 8:30 часот утрово најниска е температурата во Лазарополе, осум степени, додека највисока е во Дојран и Гевгелија, 17 степени. Останатите темепратури се движат од 10 во Маврово, 11 во Претор и Крушево, 12 во Охрид и Пожаране, 13 во Битола, Ѓуриште, Тополчани, Прилеп и Крива Паланка, 14 во Берово, Дебар и Виница, 15 во Тетово, Скопје и Куманово, до 16 степени во Демир Капија, Штип и Струмица.
Засега времето е сончево со мала до умерена облачност. Како што соопшти УХМР, повеќе облаци има во североисточните делови. И во текот на денот се очекува слично време, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во југоисточните делови. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од јужен правец. Темепеартурата ќе се движи од 24 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, со слаб до умерен ветер од јужен правец и температура до 29 степени.
Според УХМР, локална појава на пороен дожд и грмежи со променлив интензитет ќе има до среда во попладневните часови, а стабилизирање на времето се очекува од четврток, кога ќе дува засилен северен ветер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
