Балкан
2. July 2019 - 21:20

Невреме во Хрватска, во Загреб ветерот корнел кровови

Хрватска попладнево ја зафати невреме кое дошло од Словенија, јавуваат локалните медиуми.

Кај Карловац врнел заледен дожд, во Самобор паѓал град, а силниот ветар во Загреб корнел кровови од куќи.

Во еден дел на Загреб ветерот искорнал дел од кров на станбена зграда.