Свет
5. September 2019 - 21:18

Невидени фотографии од сударот на воз и камион во Јапонија: Вагоните смачкани како да се од хартија, 34 лица повредени

Најмалку 34 лица се повредени денеска во судар на експресен воз и камион во Јокохама, втор по големина град во Јапонија.

Сударот се случи на главниот железнички премин кон Токио, а притоа најмалку три од осум вагони излетаа од шините.

По сударот, камионот се запалил, а возачот е тешко повреден, пренесува Ројтерс.
 

„Звукот на крешењето на стакло беше ужасен. Додека се свестив што се случува, вагонот беше целосно сплескан“, изјави еден од патниците во возот.