Невидена бруталност: Полицаец нокаутира девојка пред ноќен клуб
На едно неодамна објавено видео се гледа како холандски полицаец тепа девојка пред ноќен клуб во Ротердам.
Полицијата вели дека биле повикани во неименуваниот ноќен клуб затоа што парот во пијана состојба го нападнал обезбедувањето.
Видео снимката од посматрачите покажува група полицајци како ставаат лисици на човек кој потоа го водат во колата. Млада жена, наводно девојка на уапсениот, доаѓа до еден од полицајците и почнува да се расправа со него. Тој и неговата колешка ја буткаат жената која се заплеткува и паѓа на грб.
Додека минувач и помагаше да стане на неа и пријде полицаец на кого девојката му удира шамар. Следат два брутални удари во глава. Таа повторно паѓа и момчето со црвен шешир се обидува да го бутне полицаецот, кој исто така се обидува да го удри. Обезбедувањето ги предупредува насобраните момчиња да си заминат.
Подигнувајќи ја жената од земја, полицаецот ја влече до полицискиот автомобил. Според соопштението на полицијата во Ротердам, жената и нејзиното момче се уапсени откако го нападнале обезбедувањето во клубот, кои поднеле кривична пријава против нив.
Полицијата во Ротердам вели дека покренала и внатрешна истрага за однесувањето на службеникот.
Ново на Сител
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско
-
Скопје: Жена нападната од нејзиниот сопруг
-
Кривична за директорка на средно училиште во Делчево