НЕВЕРОЈАТНО: За да ја смири ќерката кавадарчанка го украла мајмунчето Лука од Зоолошка
За да ја исполни желбата на својата ќерка, 26-годишна кавадарчанка вчера попладне го украла малото мајмунче Лука од скопската Зоолошка градина.
Заедно со својот пријател ја пресекле челичната мрежеста ограда од надворешно живеалиште на мајмунот, го ставиле во вреќа, ја прескокнале заклучената капија на Градината и со такси се вратиле дома.
Благодарение на совесните посетители кои биле сведоци на целиот настан, крадците биле брзо пронајдени, а мајмунчето Лука е вратено во својот дом.
Од Зоолошкта градина преку соопштение информираат дека Лука во моментов е повторно заедно со своето помало братче, во добра здравствена состојба.
Мајмунчето од видот павијан е старо година ипол. Лука стана миленик на сите посетители и вработени во Зоолошката градина лани, откако само седум дена по раѓањето неговата мајка го отфрли и се обиде да го повреди.
Оттогаш Лука спие во собата на персоналот на Зоолошката и за него се грижи посебна негувателка.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
