Неверојатно: Природата цвета на местото на тестирање на нуклеарните бомби

Атолот Бикини во Тихиот океан, каде САД спроведуваа нуклеарни тестови пред повеќе од 70 години, сега е богат екосистем, преполн во растителни и животински видови.
Научниците информираат дека на Бикини се развиваат корали големи колку автомобили, околу кои кружат целосно здрави ајкули и туни, па дури и ракови.
Истражувањето кое е спроведено за потребите на документарниот филм „Големиот Пацифик“ на мрежата на Пи-Би-Си, било фокусирано на проверка на претходните извештаи дека кратерите од хидрогенски бобми ги населуваат мутирани ајкули, на кои им недостасува втората грбна перка.
Стив Палумби, професор по биологија на Универзитетот Стенфорд со својот тим ги проучувал ефектите од радијацијата врз морскиот свет на Бикини, што што флората и фауната на овој микронезиски остров ја опиша како „неверојатна отпорна“.
Палумби вели дека рибите се размножувале затоа што никој не ги вознемирувал.
- На чуден начин тие се заштитени од историјата на ова место. Тоа е многу чудно, изјави тој.
На коралите како воопшто да не им пречи високата радијација, а научниците сега се обидуваат со помош на ДНК секвенцирање да утврдат како овие колонии опстојуваат и дури напредуваат.
Студијата би можела да има примена и во медицината.
- Ако дознаеме како коралите успеваат да живеат во кратерите полни со радијација, можеби ќе откриеме нешто за тоа како да ја заштитиме ДНК-та од мутација, рече Палумби.
Иако природата тука цвета, областа и натаму е опасна за луѓето, а според Обединетите нации, штетата е неповратна. Луѓето, кои ќе се изложат на таквата радијација се во голем ризик од канцер особено леукемија и карцином на штитната жлезда.
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
