Неуспешен состанок за примирјето во Сирија

Меѓународниот состанок на високо ниво за кризата во Сирија во Њујорк заврши синоќа без договор за тоа како ќе заживее пропаднатото примирје, кое претходно го договорија САД и Русија.
Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека неговиот руски колега Сергеј Иванов не бил во можност да вети дека ќе бидат приземјени сириските бомбардери и оти ќе биде спречено бомбардирањето на сириските градови.
Кери, Лавров и пратеници на уште 21 земја на Меѓународната група за поддршка на Сирија се наоѓаат во Њујорк, каде се одржува генералното Собрание на Обединетите нации.
Кери додаде дека е подотвен да се состане со Лавров повторно денеска во новиот обид нешто да се стори.
Пратеникот на Обединетите нации за Сирија Стефан де Мистура го опиша состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија како „долг, болен и разочарувачки“ и додаде дека сака да верува дека Русија и САД се сериозни во намерата да посредуваат за постигнување на мирот.
По средбата тој додаде дека било погрешно да се објави дека „прекинот на непријателството во Сирија е мртов“.
Ново на Сител
-

Гроси: МААЕ нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба
-

Американската војска соопшти дека погодила речиси 2.000 цели во Иран
-

Уставниот суд ќе одржи седница, првпат ќе се пренесува во живо
-

Собранието ќе избира заменици министри за одбрана и за образование
-

Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
